Трамп стана жител на Флорида

Претседателот ова го објави на Твитер, велејќи дека политичките лидери на Њујорк го третирале несоодветно

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека повеќе не е жител на Њујорк, објави Њујорк тајмс, а информацијата ја потврди претседателот на Твитер, објавувајќи дека неговото постојано живеалиште сега е во Палм Бич, Флорида.

Трамп напиша дека политичките лидери во Њујорк го третирале нессодветно, и покрај милионите даноци што тој ги плаќал на градот и на сојузната држава.

Гувернерот на Њујорк реагираше на Твитер, потенцирајќи дека Трамп не ги платил даноците.