По 72-часовна хоспитализација, Трамп се врати во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа во понеделникот навечер по 72 часа хоспитализација заради Ковид-19.

Тој се искачи по скалите од јужниот влез и стоеше на Балконот на Труман каде ја симна маската, даде гест со палците нагоре и отпоздрави на хеликоптерот Marine One додека се подготвуваше да полета од Јужниот тревник.

Трамп рече „ви благодарам многу, на сите“, додека излегуваше од Националниот армиски медицински центар Волтер Рид.


На излегување од хеликоптерот и додека одеше пеш кон резиденцијата во Белата куќа, претседателот застана да се сврти кон камерите за да поздрави со рака и даде знак со палец нагоре. Запрашан од Гласот на Америка како се чувствува, тој одговори „многу добро“.

Кампањата за реизбор на трамп кажа дека тој планира да учествува на дебатата планирана за 15-ти октомври, против номинацијата на Демократската партија, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

„Иако тој можеби сеуште не е сосема надвор од опасноста, тимот и јас сме согласни дека сите наши евалуации, и најважното, неговиот клинички статус, се во поддршка на неговото враќање дома“ во Белата куќа, каде има медицински објекти и лекари за следење на претседателот непрекинато, им кажа неговиот личен лекар, д-р Шон Конли, на новинарите во понеделеникот попладне.


„Секој ден што пациентот го минува во болница без потреба е ризик за него“, додаде тој. „Во овој момент, се што се прави овде горе ние можеме да го правиме безбедно дома“.

Пред да ја напушти болницата, претседателот испрати порака на Твитер, „Не се плашите од Ковид. Не дозволете да го доминира вашиот живот“, додавајќи дека се чувствувал подобро отколку пред 20 години.