Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека неговата админситрација е подготвена да реагира на ширењето на коронавирусот, кој погоди повеќе од 80.000 лица во најмалку 37 држави.
„Може да се рашири малку, но, може и многу. Што и да се случи ние сме целосно подготвени“, рече Трамп, нагласувајќи дека ризикот за американските граѓани е многу низок.
Трамп ова го изјави ден откако Центрите за контрола и превенција на болести во САД, соопштија дека не е прашање дали, туку кога точно ќе се рашири вирусот и колку лица ќе бидат погодени.
Досега, има вкупно 60 слуачи во САД. Има луѓе кои биле во Вухан, Кина, додека 42 лица беа вратени од крузерот во Јапонија.
Здравствените официјални лица се загрижени дека вирусот може да се шири во случаи и кога лицата не знаат дека се заразени.