Трамп со акција против антисемитизмот во кампусите во САД

Извршна наредба издадена од претседателот Доналд Трамп, во која припадниците на еврејската религија се опишуваат како дел од посебна националност, има за цел да помогне во борбата против антисемитизмот во кампусите во САД.

Трамп ја потпиша извршната наредба на церемонија во Белата куќа по повод еврејскиот празник Ханука.

Еврејските организации ја поздравуваат акцијата затоа што универзитетите би можеле да го загубат федералното финансирање доколку не престанат со дискриминација на Евреите во нивните кампуси.