Трговија по земјен пат: Талибанските власти ја гледаат Кина како економски партнер

Your browser doesn’t support HTML5

Авганистан сака да го активира некогашниот Пат на свилата за прва директна конекција кон Кина, но поставувањето асфалт засега е скапо. Решение е земјен пат со додадени остови и тунели

Талибанските власти најавија завршување на патот што го поврзува Авганистан со Кина на почетокот на оваа година. Експертите, сепак, се сомневаат дека патот ќе стане трговска рута меѓу земјите бидејќи му треба повеќе работа. Репортажа на Авганистанската редакција на Гласот на Америка.

Планинскиот коридор Вахан во провинцијата Бадахшан во североисточниот дел на Авганистан порано бил дел од историскиот Пат на свилата што ја поврзува Кина со Западот.

Талибанците првпат објавија во јануари дека го завршиле патот направен со ситен кршен камен што го поврзува Авганистан со Кина. Сега останува негово свечено отворање.

Земјениот патот што сакаат да го реактивираат талибанските власти во Авганистан и да го користат за директна конекција со Кина, води низ Националниот парк Вакхан. Фото: Жители на Авганистан работат на поле, август 18, 2016

„Оваа рута од Патот на свилата е завршена и наскоро ќе биде пуштена од високи функционери на Исламскиот емират“, вели Забиулах Амири, талибански претставник.

Коридорот Вахан е долг нешто повеќе од 350 километри, кој го дели Таџикистан од Пакистан и го поврзува Авганистан со кинескиот регион Ксинџијанг. Авганистан дели 92-километарска граница со Кина, но двете земји немаат копнено пристаниште. Авганистан тргува со Кина преку Централна Азија или Пакистан.

Помалите автомобили можат лесно да одат до границата, има два големи моста и други градби, како заштитни ѕидови и тунели
Зидула Фахри, инженер

Центарот Стимсон откри дека меѓу 2022 и 2023 година, трговијата меѓу двете земји се зголемила повеќе од двојно на 1,3 милијарди долари. Талибанците се надеваат дека завршениот пат ќе ја олесни уште поголема трговијата со нивниот кинески сосед.

Овојпат сè уште не е погоден за големи возила како камиони и автобуси, но тоа е првиот чекор кон поголем инфраструктурен проект на границата, вели градежниот инженер Захидула Фахри.

„Помалите автомобили можат лесно да одат до границата. Има два големи моста и други градби, како заштитни ѕидови и тунели. Ако даде Господ, работата е започната и наскоро ќе биде завршена“, вели Фахри.

Оваа планинска област достигнува 5.000 метри височина. Долгите, сурови зими го отежнуваат животот овде. Оние кои живеат овде го поздравуваат патот, но велат дека треба да се направи повеќе.

„Би сакале да го асфалтираат овој пат бидејќи има многу вода. Многу автомобили се заглавија во вода“, вели Захидула, жител на Вакхан.

Експертите велат дека претворањето на песочниот пат во главна трговска рута ќе чини пари.

„За да се додаде економска вредност на регионот и на светот, има потреба од значителни инфраструктурни инвестиции, кои може да бидат проценети од 10 до 15 милијарди долари за овој проект“, посочува Хамидула Фаруки, поранешен авганистански министер за транспорт.

Фаруки вели дека Пекинг сè уште нема преземено никаква обврска да ја отвори границата со Авганистан и да го поврзе патот во Кина.

„Мислам дека Кина сè уште нема преземено некои посебни обврски во овој поглед поради безбедносните закани и политичката нестабилност во регионот“, посочува Фаруки.

Плашејќи се од потенцијалното прелевање на милитантите во Кина, Пекинг постојано ја изразуваше својата загриженост за „насилните терористички сили“ во Авганистан и побара од талибанците да се борат со проблемот и да ги заштитат кинеските интереси во земјата.