Тргна карванот на СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“ за парламентарните избори

Your browser doesn’t support HTML5

„Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ денес во Музејот на Современа уметност во Скопје, ја почна предизборната кампања за парламентарните избори закажани за 8 мај.

Под слоганот „Нема откажување од европската иднина на Македонија“, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред носителите на изборните листи, министрите и членството ги презентираше дел од столбовите и постулатите од предизборната програма. Економски развој и раст, подобар животен стандард, ветинг, владеењето на право, реформи во судството се само дел од мерките кои ќе се спроведат доколку Коалицијата победи на изборите.