Трет ден протсети на државните службеници - „Да сакаше Владата дијалог немаше да бидеме на улица“

Your browser doesn’t support HTML5

Речиси илјада службеници во државните инспекторати и по истекот на законскиот рок немаат добиено плата за месец декември. „Инспекторите останаа без плата во најдолгиот месец во годината“, обвинуваат од УПОЗ

Речиси илјада службеници во државните инспекторати и по истекот на законскиот рок немаат добиено плата за месец декември. „Инспекторите останаа без плата во најдолгиот месец во годината“, обвинуваат од УПОЗ.

Претседателот на УПОЗ, Деаноски, кој вчера официјално се огради од поддршката на опозицијата, денес повтори дека вработените излегуваат на протест а не на штрајк како што тврдат од Владата и потврди дека во некои министерства имало притисок врз вработените да не го поддржат протестот но не откри во кои.Протестите почнаа бидејќи од министерството за финансии немаше дозвола за потпишување на нови колективни договори со кои вработените ќе добијат додаток од 30 отсто на плата а кои беа изработени заедно и со согласност од ресорните министри. Се протестира пред министерствата за култура, економија, шумарство, транспорт, правда, животна средина и дигитална трансформација како и пред државниот завод за статистика и државниот архив.