Трендафилов: Девет илјади работници земаат плата под минималната - тоа е кривичнио дело!

Your browser doesn’t support HTML5

Цените растат а минималната плата останува иста иако секаде во регионот таа се зголемува и затоа државата ризикува да се соочи со повторен егзодус на работниците, предупредуваат од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).

Од ССМ очекуваат ветувањето на Владата за зголемување на минималната плата во првите сто дена да се исполни, да се укине зголемувањето од 78 отсто на функционерските плати и да се ревидира пресудата за одземање на зградата. Минималната синдикална кошничка од почетокот на годинава е потешка за четири илјади и шестотини денари, минималните плати во регионот растат и Македонија се соочува со повторен егзодус на работниците доколку минималната плата не се покачи, велат од ССМ. Очекуваат средба со премиерот Мицкоски по ова прашање.