Ова е „значаен чекор“ за глобалните мировни напори, порача државниот секретар Џон Кери.
САД потпишаа меѓународен договор со кој се регулира увозот, извозот и трансферот на конвенционално оружје.
Државниот секретар Џон Кери го потпиша Пактот на церемонија во седиштето на ОН во Њујорк. Тој ја означи спогодбата за трговијата со оружје како „значителен чекор“ кон глобалните мировни напори.
Договорот, кој беше усвоен во април, поставува меѓународни упатства за продажба на оружје, од тенкови, воени бродови и хеликоптери до лесно оружје.
Со договорот им се забранува на земјите-членки да продаваат оружје во држави во кои има кршење на основните човекови права.
Договорот, кој не ја покрива продажбата на оружјето на домашниот пазар треба да биде ратификуван од американскиот Сенат и се соочува со противење од некои законодавци, кои сметаат дека ги крши американските права за поседување оружје.
САД се најголем извозник во светот на конвенционално оружје.