Американски суд ја блокираше забраната на претседателот Трамп, трансродовите лица да можат да служат во армијата.
Целта е враќање на статус-кво ситуацијата пред извршната наредба на Трамп од 30-ти јуни, со која на овие лица им се забранува да служат во американската армија.
Судијата, сепак ја отфрли жалбата за блокада на забраната за финансирање на оперативен зафат за промена на полот.
Претседателот, преку Твитер истакна дека неговата одлука е базирана на „огромните медицински трошоци и попречувања што трансродовите лица би ги внеле во армијата“.
Чекорот уследи една година откако Пентагон, за време на мандатот на претседателот Барак Обама, соопшти дека во армијата ќе се дозволи отворена служба на овие лица.