Трамп се врати во претседателската кампања после судскиот процес

Your browser doesn’t support HTML5

Доналд Трамп се враќа на политичката кампања како првиот осуден криминалец кој се кандидирал за претседател на САД како кандидат на голема партија. Дописникот на Гласот на Америка, Скот Стернс, сакаше да види како гласачите реагираат на пресудата. .

Поддржувачите на Доналд Трамп продолжија да го бодрат својот кандидат пред кулата Трамп во Њујорк, еден ден откако поранешниот претседател беше осуден п 34 основи од фалсификување деловни досиеја до незаконско влијание врз резултатите од неговиот избор во 2016 година.

Во населбата Челси, гласачот Николас Ворнер вели дека пресудата била „ужасна“ и дека на државата и треба втор мандат на Трамп.
„Кога тој беше на функција четири години, немавме ништо од тоа што се случува сега, како што се војната, економијата и инфлацијата. Би сакал тој да се врати и да работи како бизнисмен", вели Ворнер.

Во Мериленд, гласачот Аркадиј Лапидус вели дека тврдењето на Трамп дека неговото судење било наместено не е добро ни за Републиканската партија ниту за државата.

„Нема да има ништо додека оваа партија не го отфрли Доналд Трамп и каже: „Ние веруваме во изборите, во судовите, во поротите кои донесуваат пресуди затоа што се наши сограѓани Американци. Се додека оваа партија не почне да ги застапува американските вредности во кои јас верувам, никогаш повеќе нема да гласам за Републиканец“, смета Лапидус.

Гласачката Маргарет Барнс вели дека дури и со осуда за кривично дело, Трамп е поверодостоен од Џо Бајден.

„Бајден се претставува со лажна сентименталност, сака да раскажува приказни како да е добар старец, а знаете дека сето тоа е вештачко. Не му верувам. Неискрен е. Трамп, од друга страна, е бомбастичен. Дури и кога тоа што го кажува може да биде навредливо, јас му верувам многу повеќе”, вели Барнс.

Во Колорадо, гласачката Луда Голодних вели дека пресудата за Трамп е заслужена и се надева дека ќе и наштети на неговата кампања.

„Начинот на кој тој зборува за жените, начинот на кој ги третира другите држави, начинот на кој зборува за илегалните имигранти, и покрај тоа што е во брак со имигрантка.. Го заслужи тоа што го доби“, вели Голодних.

Во Невада, гласачот Кит Дејтон вели дека пресудата нема влијание врз неговиот глас.

„Сè уште гласам за Доналд Трамп. Мислам дека целата оваа работа беше смешна. Направи да се срамам од мојата држава.“, категоричен е Дејтон и додава „не би го довел на пиво или да одам со него во кафана. Но, не се работи за тоа".

Во сојузната држава Пенсилванија, која може да ги одреди резултатите на изборите, пресудата може да влијае на поддржувачите на Трамп, вели гласачот Џефри Незбит.

„Сметам дека ќе биде многу поефикасно за американскиот народ само да го победи него и неговото движење на гласачките места. Мислам дека постои добра можност оваа пресуда да го мотивира неговото движење да излезе и да гласа уште поагресивно и да дејствува поагресивно на претстојните избори”, вели Незбит.
Деведесет проценти од регистрираните републиканци сè уште го поддржуваат Трамп, според анкетата на Ројтерс/Ипсос. Останатите 10% од републиканците кои со помала веројатност би гласале за Трамп би можеле да направат вистинска разлика во тесни избори каде што и двајцата кандидати треба да ги задржат своите бази и да придобијат независни гласачи.