Трамп се изјасни за невин по сите основи од обвинението

Ова е прво обвинение кое било поднесено против сегашен или поранешен претседател на САД.

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп се изјасни за невин пред сојузниот суд во Менхетн во однос на 34 основи за обвинение поврзани со исплата на 130.000 долари на порноактерката Сторми Даниелс непосредно пред неговата победа на претседателските избори во 2016 година, со цел таа да не зборува за наводна врска со него една деценија порано.

Ова е прво обвинение кое било поднесено против сегашен или поранешен претседател на САД.

Трамп долго време го негираше нејзиното тврдење за наводна врска, но не и дека неговиот некогашен адвокат Мајкл Коен ја извршил исплатата на Даниелс. Трамп негира дека исплатата е поврзана со неговата претседателска кампања пред седум години.

76-годишниот сега првпат се врати во Њујорк како обвинет, иако првичните национални анкети покажуваат дека тој води во трката за републиканска претседателска номинација за 2024 година, обидувајќи да се врати во Белата куќа.