Традиционално Бајден помилува две мисирки за Денот на благодарноста

Џо Бајден помилува мисирки за Денот на благодарноста во Белата куќа (25 ноември, 2025 година)

ВАШИНГТОН (АП) - Претседателот Џо Бајден денес ја започна својата последна празнична сезона во Белата куќа со издавање на традиционалното помилување на две мисирки кои нема да се најдат на масата за Денот на благодарноста.

82-годишниот претседател пречека 2.500 гости на јужниот тревник во Белата куќа за време на помилувањето на мисирките „Пич“ и „Блосом“.

Бајден уживаше во кратката церемонија со помилуваните мисирки, именувани по питата и официјалниот цвет на родната држава на претседателот Делавер.

„Питата со праски во мојата држава е една од моите омилени“, рече тој.

Помилуваните мисирки Пич и Блосом (25 ноември, 2025 година)

Пич [Праска] и Блосом беа донесени од фармата на Џон Цимерман, во близина на градот Нортфилд во јужна Минесота. Цимерман, кој одгледал околу четири милиони мисирки, е претседател на Националната федерација на мисирки, групата која на американските претседатели им подарува мисирки за Денот на благодарноста уште од администрацијата на Труман по Втората светска војна.Целта на центарот е да го промовира земјоделството и да ги едуцира идните фармери и други за земјоделството во Америка.

Претседателот Хари Труман, сепак, претпочиташе да ги јаде мисирките.

Официјалните церемонии за помилување станаа како годишна традиција на Белата куќа одадминистрацијата на претседателот Џорџ Х.В. Буш во 1989 година.

Подоцна во текот на денешниот ден, првата дама Џил Бајден ќе ја добие и официјалната елка во Белата куќа која ќе биде изложена во Сината соба. Потоа, Бајденовите ќе отпатуваат во Њујорк на вечерниот настан „Пријателство“ на Стејтен Ајленд.