Топлотен бран во Куба

Your browser doesn’t support HTML5

Во Хавана, Куба, летото пристигна речиси два месеци порано, влошено од повеќечасовните прекини поради недостиг на гориво и дефекти на електраните. Со ноќните температури до 27 Целзиусови степени, а дневните температури до 35 Целзиусови степени.

Ако мај е некаква индикација, вели Осмел Валдес кој јава коњ во Хавана, Куба ја чека долго и топло лето.

52-годишниот жител на Хавана води транспортна услуга низ преполните улици на кубанската престолнина. Тешко е да се дојде до сенката во оваа урбана средина, па тој положи парче картон врз својот коњ за да му даде одмор помеѓу возењата.

Низ главниот град и островската држава, летото пристигна речиси два месеци порано, влошено од повеќечасовните прекини поради недостиг на гориво и дефекти на електраните. Со ноќните температури до 27 Целзиусови степени, а дневните температури до 35 Целзиусови степени, нема спас, велат локалните жители.

Метеоролозите велат дека минатото лето било најтопло досега, а ова веќе е на пат за подеднакво високи температури.