Том Хоман ќе биде задолжен за ситуацијата на границата во новата администрација на Трамп

Том Хоман, поранешен в.д. директор на Службата за имиграција и царинско спроведување на САД.

Том Хоман, поранешен в.д директорот на Службата за имиграција и царинско спроведување во последниот мандат на Трамп, ќе биде задолжен за ситуацијата на границата во новата администрација.

„Задоволство ми е да објавам дека поранешниот директор на Службата за имиграција и царинско спроведување, Том Хоман, ќе биде дел од новата администрација на Трамп и ќе се занимава со државните граници“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“.

Се очекува Хоман да добие функција поврзана со границата и дека една од неговите должности ќе биде најголемата депортација во историјата - што ја најави Трамп.

Како што беше речено, Хоман ќе биде задолжен за „депортирање на сите илегални имигранти во нивните земји“. Трамп вели дека очекува Хоман да ја заврши „фантастичната, долгоочекуваната работа“.

Тој во неделата за Фокс њуз изјави дека „војската нема да опкружува и апси имигранти, туку Службата за имиграција и царинско спроведување ќе ги спроведе плановите на Трамп на хуман начин“.

„Овие ќе бидат добро испланирани, насочени операции спроведени од Службата за имиграција и царинско спроведување, чии агенти го прават тоа секој ден и се добри во тоа“.

„Кога ќе излеземе на теренот, знаеме кого бараме, знаеме каде се и сето тоа ќе биде направено на хуман начин“, изјави Хоман.