Трамп се сретна со Лавров во Белата куќа

Ова е прва лице-в-лице средба со виш руски дипломат откако ја презеде функцијата во јануари

Претседателот на САД, Доналд Трамп се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белата куќа.

Ова е прва лице-в-лице средба со виш руски дипломат, откако тој ја презеде функцијата во јануари.

Порано денеска американскиот државен секретар РексТилерсон во Стејт департментот имаше средба со својот руски колега, а во фокусот на разговорите беа разликите помеѓу двете земји за Сирија и Украина.

Ова е прва посета на Лавров на Вашингтон од 2013-та година, наваму.