ВАШИНГТОН —
Вечера за десет луѓе на Денот на благодарноста ќе чини околу 48.90 долари, соопшти Американската федерација на фармери.
Традиционалната трпеза опфаќа мисирка, фил од трошки леб и печурки, сладок компир, грашок, сос од боровинки, пита од тиква, кафе и млеко, и уште неколку типични специјалитети за овој ден.
Еве ги дел од цените на производите потребни за подготовка на празничната вечера:
- Мисирка (7.2 килограми) - 21.71 долар
- Сладок компир (1.3 килограми) - 3.39 долари
- Грашок (450 грама) - 1.47 долари
- Боровинки (340 грама) - 2.65 долари
- Млеко (3.8 литри) - 2.92 долари
- Кафе и зачини - 3.01 долари