Тејлор Свифт ги повика фановите да гласаат на изборите денес

Свифт им порача на своите 282 милиони следбеници на Инстаграм да направат план за гласање и го додаде линкот  vote.org, непрофитна група за регистрација на гласачи

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт ги охрабри своите милиони фанови денес да гласаат на Супервторник во САД, но не поддржа ниту еден конкретен кандидат.

Свифт им порача на своите 282 милиони следбеници на Инстаграм да направат план за гласање и го додаде линкот vote.org, непрофитна група за регистрација на гласачи.

„Сакав да ве потсетам да гласате за луѓето кои најмногу ве претставуваат на власт“, напиша таа на Инстаграм во бел текст на црна позадина.

Свифт и претходно влезе во политиката, поддржувајќи го претседателот Џо Бајден, демократ, во 2020 година.

Таа, исто така, го осуди поранешниот претседател Доналд Трамп.

Виктор Ши, најмладиот избран делегат на Џо Бајден во 2020 година, ја поздрави објавата на Свифт, заблагодарувајќи ѝ се на платформата за социјалните медиуми X, порано Твитер.

„Ова е едноставен, но многу ефикасен поттик за нејзините следбеници - и само запомнете, стапките на регистрација на гласачите соборија рекорди поради неа“, напиша тој.

„Ова е причината зошто ќе победиме“.

Скоро три четвртини од самонаречените страствени обожаватели на Тејлор Свифт се бели, а нешто повеќе од половина се жени и демократи, според истражувањето на Morning Consult од март 2023 година.

Четириесет и пет проценти од учесниците во истражувањето се идентификуваа како милениумци.