Заканата од тероризам во 2010-та намалена, но и променета

Заканата од тероризам во 2010-та намалена, но и променета

Претставници на американскиот контратероризам велат дека изминатава година се намалила веројатноста за успешен терористички напад. Официјалните лица велат дека природата на терористичка закана значително се променила од 2001.

Некои аналитичари велат дека САД имале среќа да избегнат посериозни терористички напади од 2001 наваму.

Минатиот декември, на 25-ти, Умар Фарук Абдулмуталаб се обиде да детонира бомба скриена во долна облека на лет од Амстердам до Детроит, Мичиген, но бомбата не експлодира. Слично, бомба скриена во автомобил на њујоршкиот Тајмс Сквер на 21 јуни не експлодира. И во октомври бомби откриени во тонери на два карго авиони беа откриени пред да бидат детонирани.

Директорот на Националниот центар за контратероризам Мајкл Лаитер вели дека агресивни антерористички мерки ја еродирале, но не и елиминарале заканата од тероризам. Но тој признава дека во одреден момент некои терористи ќе изведат успешен напад:

„Јас го посветив моето време во организацијата во обид тоа да го спречам. Но мора да бидеме искрени дека нешто од тоа ќе мине. Ова е ера на покомплицирана закана и поразнолика закана и напади на пониско ниво, за да вклучи поединци кои биле радикализирани овде на наша територија, и спречување на сите напади станува многу потешко“.

Официјални лица и аналитичари велат дека има нови, порадикализирани, помалку централизирани приврзаници на ал-Каида, со помалку директна оперативна контрола од лидерите на ал-Каида, и помал, но растечки број, на радикалци кои произлегуваат одовде и кои е потешко да бидат откриени отколку аутсајдери.

Раководството на ал-Каида се верува дека се крие во тешко пристапните предели на Пакистан. Лаитер вели дека некои групи добиваат само инспирација, но не добиваат и наредби од лидерите на ал-Каида.

Како домашна база на Ал-Каида на Арапскиот Полуостров, Јемен станува се` попроминентна терористичка жешка точка, велат официјални лица, и привлекува се` поголемо внимание меѓу разузнавачите.

Поранешниот заменик директор на ЦИА, Џон МекЛаклин вели дека со поострувањето на авионските и имиграциони контроли ал-Каида и сличните групи на неа се трудат да радикализираат американски државјани или жители, кои може да имаат полесно движење.

„Тие ги проучуваа нашите слаби страни. Ги проучуваа и нивните слаби страни зашто знаат дека ги фаќаме кога патуваат или комуницираат. Така, со ставање карго на авионите, тие не мора да прават ништо од тоа. И тиа знаат дека се изложени кога патуваат со одредени пасоши, така што се` повеќе гледаме употреба на американски државјани“.

Но, МекЛаклин исто така верува дека терористичката закана до некаде ја загубила религиозната димензија. Тој мисли дека кај голем број меѓу нив мотивацијата е чувство на алиенација, сеедно каде живеат, и атракција за нив е припаѓање на група што се чини дека има кауза.

МекЛаклин и Лаитер се согласни дека ФБИ се подобрило во откривање во откривање и осуетување на потенцијални терористички напади. Но тие додаваат дека ФБИ сепак мора да биде внимателно во собирање податоци за американски граѓани, за да не ги повреди граѓанските слободи или да го навреди сензибилитетот на американско-муслиманската заедница.