Терапија со коњи за намалување на стресот од војната кај украинските деца

Your browser doesn’t support HTML5

Мала фарма во близина на Харков негува коњи повредени од војната. Во исто време организира и терпевтски јавања за деца кои страдаат од стрес од војната во Украина. Известува Ана Костутченко.

Арни беше спасен од селото Хлибоке во регионот Харков на почетокот на летото во 2024 година, вели 30-годишната Ксенија Калашникова, која е сопственичка на штала за коњи.

„Имаше рани од шрапнели во устата, но исто така успеавме и да му го извадиме од копитата и стомакот. По издржувањето на тешкото гранатирање, тој сега се соочува со доживотни проблеми со срцето, така што ќе добива редовни интравенски терапии”, вели Калашникова.

Таа ја води шталата една деценија. Нејзиното прво спасување беше тркачки коњ кој не се претстави добро и требаше да се продаде за месо. Нејзината штала порасна на четири коњи и четири спасени коњчиња. На сите им е потребна постојана медицинска помош, покрај трошоците за храна.

„Коњчињата пристигнаа непосредно пред сезоната за купување сено, но немавме доволно пари да го купиме”, вели Калашникова.

За да помогне во трошоците, таа нуди часови за деца. Таа одржа еднонеделен камп за јавање за деца во месец август.

Единаесетгодишната Дарија Пујдак оди на часови во шталите на Ксенија.

Таа вели дека тоа што е во близина на овие животни ја инспирирало да планира иднина која вклучува коњи.

„Чувството е како коњите да ми даваат втор живот!”, вели малата Пујдак.

Таткото на Дарија служи во војска. Повеќето деца во шталите на Калашникова доаѓаат или од семејства на воени лица или од внатрешно раселени лица. Таа верува дека поврзувањето со коњите им помага на овие деца да се справат со стресот и траумата предизвикана од војната.

„Само три вида на животни во светот можат да не излечат од далеку – китови, делфини и коњи. Нивниот допир ни носи спокојство. Моите коњи, кои се негувани со љубов, се како големи мачки”, вели Калашникова.

Калашникова нуди и фотосесии со коњите за да ги поддржи нејзините четириножни придружници и да собере пари за војската во регионот Харков.