Тензиите меѓу САД и Русија се пренесуваат и во вселената

Лансирање на руската ракета Ангара-А5, на 11 април, во космодром Восточни, Руска Федерација

Лансирањето руски сателит „убиец на сателити“ ги крена САД на нозе Тврдењето на САД дека Русија лансирала сателит во орбитата, способен да прегледува и уништува други сателити, предизвика демант од Кремљ и загриженост од американските законодавци. Известува Кетрин Џипсон.

Нови тензии во конфликтот меѓу САД и Русија во вселената…

„Русија лансираше сателит во ниската орбита на Земјата, за кој проценуваме дека е веројатно контравселенско оружје, способно да нападне други сателити во ниската орбита на Земјата. Русија го распореди ова ново контравселенско оружје во истата орбита како сателитот на американската влада”, изјави Пат Рајдер, портпарол на Пентагон.

Your browser doesn’t support HTML5

Лансирањето руски „убиец на сателити“ ги крена САД на нозе

Аналитичар во вселенската дипломатија за Гласот на Америка изјави дека ова е последниот пример на Русија да се однесува несовесно во вселената.

„Многу добро може да биде носивост против сателитско оружје, но серијата сателити од кои доаѓа оваа носивост е позната како сателит за засенчување или сателит за набљудување и влегува во близина на орбитите до други сателити кои можеби ќе сака да ги испитува или набљудува”, смета Бенџамин Шмит, од Универзитетот од Пенсилванија.

Но, Кремљ го нарече соопштението на САД „лажни вести“ и рече дека ќе работи на меѓународната соработка во вселената.

Вистината е дека Русија во моментов има веќе неколку конвенционални антисателитски оружја во орбитата
Роберт А. Вуд, заменик амбасадор на САД

„Русија ќе спречи претворање на просторот во уште една сфера на вооружена конфронтација. Ќе продолжиме да промовираме исклучиво мирно истражување на вселената за доброто на целото човештво и на еднакви основи”, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското МНР.

Претходно, Русија поднесе нацрт-резолуција до Обединетите нации со цел да се спречи трката во вселенско вооружување.

„Таа е насочена кон реафирмирање на државните обврски да не се користи вселената за поставување на какви било форми на оружје, вклучително и оружје за масовно уништување”, тврди Василиј Небензја, руски амбасадор во ОН.

САД ја критикуваа резолуцијата, која не ги доби потребните гласови за усвојување.

Русија ќе спречи претворање на просторот во уште една сфера на вооружена конфронтација
Марија Захарова, портпаролка на руското МНР

„Вистината е дека Русија во моментов има веќе неколку конвенционални антисателитски оружја во орбитата, од кои едно тестираше во 2019 година. Згора на тоа, Русија постојано им се заканува на сателитите за таргетирање оружје за да ги вклучат и комерцијалните сателити", посочи Роберт А. Вуд, заменик амбасадор на САД.

Американските законодавци се загрижени дека ова е дел од пошироките проблеми во односите меѓу САД и Русија.

„Русија неодамна лансираше контравселенско оружје способно да ги нападне американските сателити. Воениот злосторник Путин треба да биде одвратен бидејќи ги поддржуваме нашите сојузници”, смета републиканскиот конгресмен Џо Вилсон.

„Тоа само покажува дека, повторно, Русија е ангажирана во многу агресивни тактики”, додава Енди Бар, Републиканец.

Во ноември 2021 година, Русија спроведе тест за антисателитско оружје создавајќи поле за орбитален отпад.