Ваква егзекуција ќе се применува кога затворите не ќе можат да дојдат до смртоносна инекција
Гувернерот на јужната држава Тенеси потпиша закон што и` дозволува на државата да користи електрична столица за изведување на егзекуции на затвореници осудени на смртна казна.
Републиканскиот гувернер Бил Хаслам го потпиша законот во четврток. Законодавците од Тенеси ја усвоија легислативата за електрична столица во април.
Новиот закон му дозволува на Тенеси да убијат со струја затвореници кои чекаат на погубување во случаи кога затворите не се во можност да дојдат до супстанца за смртоносна инекција што стана тешко заради бојкотот предводен од Европа на продажбата на лекот за егзекуции.
Фармацевтски компании во САД исто така одбиваат да бидат снабдувачи на лекот потребен за инекциите за усмртување, принудувајќи ги властите да се свртат кон полабаво регулирани компании.
Смртоносната инекција е примарен метод за егзекуција во американските држави кои имаат смртна казна.
Законот во Тенеси доаѓа во време кога смртоносната инекција е под засилено преиспитување како метод за егзекуција откако минатиот месец егзекуција во Оклахома покажа проблеми. Имено осуденикот Клејтон Локет ја примил инекцијата но останал свесен и по неколку минути умрел од срцев удар. Неколку осуденици на листата за егзекуција започнале судска постапка против нивните изречени казни, тврдејќи дека користењето на помалку регулирани супстанци може да предизвикаат значителна болка и дека се нехумани.
Амнести интернешенал вели дека има скок на изведени смртни казни во светот во 2013, со Кина на врвот на листата. САД се петта на листата со 39 егзекуции, едно место зад Саудиска Арабија со 79.