Кампањата на Бајден ги стави репродуктивните права во центарот на претседателските избори. Потпретседателката Камала Харис водеше кампања во Флорида на денот кога стапи на сила новиот закон за абортус во сојузната државата.
„Ова е борба за слобода. Фундаменталната слобода да се носат одлуки за сопственото тело, а нивната влада не треба да им кажува што треба да прават", вели потпретседателката Камала Харис.
Новиот закон за абортус на Флорида е меѓу најрестриктивните на државата и поттикна иницијатива за гласање да се стави правото на абортус во државниот устав.
Американските сојузни држави носат свои закони за абортус бидејќи одлуката на Врховниот суд од 2022 година стави крај на федералната заштита на абортусот.
Трамп назначи тројца од шесте судии кои одлучија за тој случај, а Харис вели дека гласачите треба да го повикаат на одговорност.
„Низ нашата држава, сведоци сме на целосен напад од сојузна држава по сојузна држава врз репродуктивната слобода. Треба да разберете кој е виновен за ова. Ова го направи поранешниот претседател Доналд Трамп", додава Харис.
Иако Трамп вели дека новиот закон на Флорида оди предалеку, тој редовно ја зема заслугата за овој пристап кон абортусот низ американските држави. Тоа е „волјата на народот“, објаснува во видео на социјалните мрежи.
„Сојузните држави ќе се разликуваат. Ќе имаат различен број недели, а некои ќе имаат поконзервативни закони од другите, и тоа е она што ќе биде. На крајот на денот, сето ова е волјата на народот. Мора да го следите своето срце, или во многу случаи, вашата религија или вашата вера”, вели Трамп.
Во клиниката за женско здравје во Форт Пирс, Флорида, оваа пациентка стравува дека новиот закон значи дека повеќе млади жени ќе умрат.
„Искрено мислам дека тоа значи многу повеќе смртни случаи, бидејќи шест недели не се долго време. Чувствувам дека абортуси ќе има. Без разлика дали тоа се случува легално или незаконски, ќе се случи, но само ќе биде небезбеден”, вели пациентката Џернека.