На денот на годишнината на опсадата на американската амбасада во Техеран во 1979-та година беа одржани големи собири на поранешната локација на амбасадата.
Иранците извикуваа анти-американски слогани на местото што го некои го нарекуваа „ гнездо на шпиони“.
Иранските државни вести известуваат дека некои демонстранти го искористиле годишниот собир да изразат солидарност со револуционерните востанија на Арапската пролет што се раширија преку целиот Блиски исток. Исто така, некои учесници изразија поддршка за движењето Окупирајте го Вол Стрит во САД.
Во 1979, ирански студенти упаднаа во американската амбасада и држеа 52 Американци како заложници повеќе од една година во знак на протест против американската политика. Инцидентот беше причина САД да ги прекинат дипломатските врски со Техеран.
Тензиите меѓу двете земји се засилија откако САД објавија наводен ирански заговор за атентат на саудискиот амбасадор во САД. Иран ги негираше наводите и побара извинување од САД.