Технологија: Кога деца учат постари

Традицијата е променета, сега постарите учат од помладите и кај двете страни има чувство на додадена вредност нс живото

Младите обично учат од постарите. Но технологијата ја промени таа традиција, особено кога се работи за учење за новите високо-технолошки направи и за Интернет. Таков е случајот и во Мериленд, каде во технолошка работилница за постари предаваат млади инструктори, кои израснале во дигиталната ера.

Кога Мајра Стафорд се пријавила за работилницата, имала само една цел. Седумдесет и тригодишната жена сакала да научи како да го когисти својот Ајпед.

„Ќерка ми ми го даде. Долго чека на мене да почнам да го користам“, вели таа.

Нејзината ќерка не треба повеќе да чека зашто Стафорд учи брзо. „Сега сум посамоуверена. Работењето со млади луѓе е прекрасно, бидејќи тие тоа го знаат и не ме прават да се чувствувам стара и глупава“.

Единаесетгодишниот Зион Перкинс е учителот на Стафорд. „Мора да бидете трпелив, зашто некои не знаат толку како другите“, вели тој. „Возбудливо е работењето со нив. Кога ќе сфатат, се радуваат, има аплауз, гушкање“.

Оваа работилница е само една од многуте што Центарот 50+ ги нуди на жителите на Колумбија, Мериленд.

„Имаме многу програми каде луѓето се среќаваат, некогаш само да играат карти или шијат. Центарот 50+ додаде технолошка работилница за постарите неодамна, откако добил донација од неколку Ајпед-и од локална организација на заедницата. Околу 100 постари лица се пријавиле за класовите

„Како што стареат лушето, нивниот свет станува се` помал. Некои не можат веќе да возат, не можат да одат на долги патувања да ги посетат роднините“, велат од Центарот. „Така упатени се на Фејсбук и Скајп за да комуницираат со нив“.

Но исто така, можат да прават и други работи, од нарачки на Амазон, до купување храна.

Да се научат постарите како да ја користат технологијата, е од корист и за економијата, вели експертот за кариера и пензионирање, Кери Хенон.

„Имаме огромна растечка популација над 60 години возраст“, вели таа. „Тоа дава одлична можност за купување на Интернет, или истражување на производи што можеби не сакаме да ги купиме на Интернет. Третина од корисниците на Интернет се над 50 години возраст. Постарите стануваат се` повозбудени за користењето на новата технологија. Тоа само по себе е бум за економијата“.

Како што луѓето живеат подолго, пензионираните може да размислуваат за враќање на работа, а Интернетот е вредно средство да им помогне во тоа.

„Тоа е апсолутно критично, ако барате работа денеска и сте постари од 50 години, мора да бидете во чекор со технологијата“, инсистира таа. „Нема оправдување. Резиме на хартија веќе не е толку важно. Треба да имате присуство на Линктин. Така ќе најдете работа денеска“.

Седумнаесетгодишната инструкторка Медисон Лам исто така има корист од помагањето на постарите. „Научив како да се поврзам со луѓето и како да работам, зашто обично сум повлечена“.

Сафир Виндли е од Центарот за млади и тинејџери. Таа вели дека користа е повеќе од тоа.

„Гледам во ова време, нашите млади луѓе истражуваат начини да додадат вредност во животот. Тие не ги гледаат овие луѓе како странци, туку како некој што не знаел нешто, а што јас можам да го научам, и тоа ќе им помогне во животот“.

Има чувство на успех на двете страни.