Најмалку 25 загинати во авионска несреќа во Тајван

Your browser doesn’t support HTML5

Се урна тајвански авион

Уривањето на авионот на ТрансАзија, кусо време по полетувањето, фатено на снимка

Најмалку 25 лица загинаа, а 20-тина се водат како исчезнати во водите на реката Килунг откако патнички авион денес се урна во Тајпеј. Спасувачките екипи употребија кран за да ги извлечат деловите од авионот на ТрансАзија ервејс. При уривањето, авионот удрил во дел од мост и завршил во реката, кусо време откако полетал. Пилотот успеал да избегне неколку околни висококатници.

Спасувачките екипи успеале да извлечат најмалку 15 лица, меѓу нив и едно дете.

Авионот полетал од аеродромот Сангшан во центарот на Тајпеј, а крајната дестинација требало да бидат островите Кинмен.

Истрагата за несреќата е во тек.