Репортажа од Табановце: И натаму 1000 бегалци немаат каде

Your browser doesn’t support HTML5

Репотража од Табановце: Над 1000 мигранти заглавени и немаат каде

Дваесет дена се заглавени на граничниот премин Табановце чекајќи одлука на српските власти да ја отворат границата за продолжат кон северот на Европа.

Дождливо пладне на Табановце, Во шаторот на УНХЦР во овој транзитен центар се сместени 1000 бегалци кои веќе 20 дена чекаат да се отвори српската граница.

Стиховите од Куранот се утеха дека ќе бидат спасени и дека ќе успеат да ги реализираат своите надежи за подобра иднина.

„Сакам да одам во Германија. Сакам да студирам таму на некој од универзитетите“ вели еден млад Анганистанец.

Во шаторот во кој веќе 20 дена овие луѓе ја чекаат одлуката на европските држави за нивните судбини, условите стануваат се потешки. Зборот кој во хор се изговара кога ги прашувате како се чувствуваат e “бес“.

Чувствуваме бес. Тажен сум овде, сакаме да се реши да ни дозволат да продолжиме, бидејќи не е добро да бидеме овде. Овде сите ние сме на исто место и спиеме или на земjа или на столчиња, така што не сме во добра состојба и немаме живот овде. Чекаме пред затворени граници, вели нашиот соговорик.

Одговорните во овој транзитен центар со помош на волонтери велат дека прават се' што е во рамките на нивните можности за да се обезбедат подобри услови, но овој центар е дизајниран како транзитен и како таков тешко е да ги задоволи потребите на луѓето кои се тука сместени повеќе од неколку дена.

Горан Стојановски кој е управник на транзитниот центар на Табановце, вели дека ситуацијата е сложена и дека во актуелните констелации не можат да овозможат услови за згрижување на бегалците според меѓународните стандарди.

Одлуката на српските власти се' уште не е донесена, а дел од бегалците сместени во овој центар не можат да го скротат бесот и од вчера вечер во лоши временски услови решија да излезат од шаторот и револтот да го изразат на самата гранична линија .