Претресот во весник во мал град во Канзас го привлече вниманието на светот летото 2023 година. Снимките на полицијата како запленува опрема и материјал од канцеларијата на Марион Каунти Рекорд и од домот на ко-сопственичката Џоан Мајер која е повозрасна.
Началникот на полицијата во Марион беше суспендиран, а подоцна поднесе оставка.
Your browser doesn’t support HTML5
Полициската акција аналитичарите ја нарекоа како едно од најеклатантните прекршувања на слободата на медиумите во САД во 2023 година.
Гејб Ротман од Репортерскиот комитет за слободата на медиумите вели дека случајот ја нагласува важноста на слободата на медиумите.
„Важно е полицијата и другите владини претставници низ целата држава да ја разберат улогата што ја имаат медиумите, важноста на критичките медиуми кон власта со што ја држат за одговорна пред народот“, вели Гејб
Ротман од Репортерскиот комитет за слобода на медиумите.
За вработените во весникот, борбата за слобода не е во прашање.
„Многу луѓе лесно ќе бидат заплашени, но треба да разберат дека не треба да ги трпат овие работи и дека има луѓе кои ќе ги поддржат“, посочува Ерол Мејер од „Марион Каунти Рекорд“.
2023 година ни покажа дека новинарите и новинарството во САД сè уште се под заканаКирстин Мекаден, „US Press Freedom Tracker“
Организација во САД со седиште во Бруклин, Њујорк, внимава дали има прекршувања на слободата на медиумите.
„Слободата на медимите директно влијае врз сите нас. Сите ние сме граѓани и на некој начин сме чувари на информации, тие информации се собираат без страв каква било казна, тоа влијае на сите нас“, вели Кирстин Мекаден од „US Press Freedom Tracker“.
Мекаден гледа и други алармантни трендови, вклучително и употребата на претходни ограничувања, како нарачките за молк.
Организацијата има добиено најмалку 10 такви случаи, и тоа во Алабама, Мисури и Северна Каролина во 2023 година.
„2023 година ни покажа дека новинарите и новинарството во САД сè уште се под закана“, додава Мекаден.
Ротман го наведува случајот на американската репортерка Кетрин Хериџ, која би можела да биде осудена за непочитување на судот ако не открие извор за нејзината серија истражувачки стории во 2017 година.
„Тој случај е чист пример за потребата од федерален закон за заштита“, смета Ротман.
Законите на штитот ги штитат новинарите да не бидат принудени да откриваат информации, вклучувајќи ги и имињата на изворите.
Новинарите ги штитат закони кој овозможуваат да не се откриваат информации, вклучувајќи ги и имињата на изворите.
Во Невада, законот го заштити Лас Вегас Ривју – Журнал да се избори со значителен случај.
Во октомври, Врховниот суд на сојузната држава пресуди дека уредите што му припаѓаат на Џеф Герман, избодениот до смрт репортер на „Ревју-Журнал “ во 2022 година, се заштитени од непроверено полициско пребарување.
„Подеднакво е важно да се осигура дека работата на новинарот ќе продолжи со одржување на доверливоста на нивните извори“, додава Ротман.
Со оглед на тоа што САД се приближуваат претседателските избори, Мекаден вели дека организацијата внимателно ќе ги следи заканите по Првиот амандман – слободата.