СЗО: Она што сега го гледаме во Северна Македонија е загрижувачки

Your browser doesn’t support HTML5

Проценките на Светската здравствена организација се дека вториот бран на Ковид-19 што ја зафати Северна Македонија е загрижувачки, но дека може да се стави под контрола и дека високите бројки на заболени се тренд и во европските и во земјите од регионот кои ги олабавиле рестриктивните мерки.

Проценките на Светската здравствена организација се дека вториот бран на Ковид-19 што ја зафати Северна Македонија е загрижувачки, но дека може да се стави под контрола и дека високите бројки на заболени се тренд и во европските и во земјите од регионот кои ги олабавиле рестриктивните мерки. Претставникот на СЗО, Фабио Скано, кој во изминатите денови ја скенирал ситуацијата во земјава, вели дека нема простор за спуштање на гардот.