Расмусен кажа дека можна употреба на хемиско оружје од страна на Сирија би било „комплетно неприфатливо“.
Генералниот секретар на НАТО вели дека користењето на хемиско оружје од страна на сириската влада би барало моментална реакција од меѓународната заедница.
Андерс Фог Расмусен во вторник кажа дека можна употреба на хемиско оружје би било „комплетно неприфатливо“. Тој ова го изјави неколку часа пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО кои се очекува да го одобрат барањето на Турција за против-ракетни системи Патриот за спречување на ширење на насилството од конфликтот во Сирија.
Генералниот секретар кажа дека министрите на НАТО ќе „демонстрираат определба да одвратат секаква закана“ од сириските армиски сили на југосточната граница на алијансата , што ја дели Турција од северана Сирија. Министрите се среќаваат во вторник и среда во Брисел.
Турција сака против-ракетниот систем да ја заштити од можни сириски напади со употреба на хемиско оружје. Американскиот претседател Барак Обама во понеделникот предупреди дека сака сирискиот претседател Башар ал-Асад да знае дека употребата на хемиско оружје би било „трагична грешка“ што би резултирала во последици.
Сириското Министерство за надворешни работи ги повтори претходните отфрлања на американските наводи. Во изјава од понеделникот тоа кажа дека Дамаск „нема да употреби хемиско оружје, доколку има, против својот сопствен народ, под никакви околности“.