САД го продолжија привремениот заштитен статус за преку 7.000 Сиријци

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, го проширува привремено заштитниот статус за преку 7.000 Сиријци кои живеат во САД.

Статусот им овозможува на мигрантите и бегалците да бидат безбедни во државата, се` додека е премногу опасно за нив да се вратат дома.

Согласно законот, привремениот статус се разгледува на секои 18 месеци.