Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека егзекуциите биле извршени во источна Сирија
Според Сириската опсерваторија за човекови права, екстремистичката органзиација Исламска држава неделава егзекутирала 33 лица, прво масовно погубување од страна на милитантите годинава.
Опсерваторијата со седиште во Британија соопшти дека убиствата се случиле во Деир Езор во источна Сирија, рано во средата. Во извештајот на организацијата се додава дека нејзини активисти биле очевидци на настанот, но не познато дали жртвите биле борци од некоја од страните во шестгодишната војна, или цивили уапсени од ИСИС и осудени на егзекуција.
Сирската опсерваторија за човекови права вели дека ова е најголемо масовно убиство на Исламската држава досега. Минатата година одвоено беа погубени две групи од 15 лица.