Советот за безбедност на Обединетите нации одржува итен состанок по нападот со хемиско оружје во Сирија, во кој загинаа околу 100 лица.
Претседателот Доналд Трамп издаде соопштение во кое вели дека нападот „заслужува осуда и не може да се игнорира од страна на цивилизираниот свет.“
Папата Францис нападот го нарече „неприфатлив масакр.“
Набљудувачите, дипломатите и аналитичарите за инцидентот во градот Кан Шеикун ги обвинуваат силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите руски сојузници. Светската здравствена организација јави дека жртвите покажале симптоми на изложеност на нервен агенс.
Русија „категорично порекна“ каква било улога во нападот, обвинувајќи ги сириските воени авиони кои погодиле магацин или фабрика каде било складирано хемиско оружје од страна на бунтовничките сили. Сириската влада на неколку наврати негираше користење на хемиско оружје против цивили во текот на шест годишната граѓанска војна.
Во обраќање на меѓународен состанок во Брисел посветен на иднината на Сирија, британскиот секретар за надворешни работи, Борис Џонсон кажа дека „сите докази", кои тој го видел укажуваат дека режимот на Асад го извршил нападот.