Сириските државни медиуми велат дека набљудувачите се сретнале со гувернерот на Хомс во вторник, еден ден откако активисти за човекови права поттикнаа монитори да дојдат во посета на градот.
Активистите велат дека безбедносните сили убиле најмалку 30 лица во Хомс во понеделникот. Тие велат дека владините сили ги интензивирале нападите на градот последниве денови, но дека се повлекле пред пристигнувањето на набљудувачите.
Активистите велат дека најмалку 20.000 анти-владини протестанти се собрале во Хомс во вторник за собир што коинцидира со посетата на набљудувачите.
ОН проценува дека 5.000 лица била убиени од март во насилство поврзано со востанието против сирискиот претседател Башар ал-Асад. Сирија вели дека „вооружени терористи“ го движат револтот. Владата ги обвинува за убиство на 2.000 припадници на безбедносниот персонал за време на тој период.