Повторно отворен случајот против Асанж со обвинение за силување

Шведската јавна обвинителка Ева-Мари Персон изјави дека „се бара ново испрашување на Асанж“

Шведските обвинители повторно го отворија случајот со обвинување за силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во изјава за новинарите денеска во Стокхолм, јавната обвинителка Ева-Мари Персон, изјави дека „се уште постои веројатна причина за сомнеж дека тој го извршил силувањето“, додавајќи дека „се бара ново испрашување на Асанж“.

Персон рече дека околностите сега дозволуваат екстрадиција на Асанж од Велика Британија. Сепак, рече дека Британија треба да одлучи дали да го екстрадира во Шведска или во САД, каде што се бара за наводно хакирање на компјутер од Пентагон.

Реагирајќи на одлуката на Шведска, главниот уредник на Викиликс, Кристин Храфнсон, изјави дека повторното отворање на случајот ќе му даде шанса на Асанж да го исчисти неговото име.

„Откако Џулијан Асанж беше уапсен на 11 април 2019 година, Шведска беше под значителен политички притисок за повторно отворање на истрагата, но околу овој случај отсекогаш имало политички притисок“, рече Храфнсон.