Светот низ фотографии

Силен снег паѓа низ северниот дел на Јапонија, во градот Обихиро, префектурата Хокаидо.

Персонал за итни случаи и полицајци на самото место во училиштето за образование на возрасни Кампус Рисбергска по нападот со огнено оружје во Оребро, Шведска. Најмалку 10 лица се убиени во престрелката, соопшти шведската полиција.

Луѓето се качуваат на траект за Пиреја за време на зголемена сеизмичка активност на островот Санторини, Грција.

Членовите на Црвениот крст на Конго и Цивилната заштита погребаа десетици жртви од неодамнешните судири на гробиштата во Гома, Демократска Република Конго. Најмалку 900 луѓе загинаа, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени во неодамнешните борби во Гома, главниот град на провинцијата Северен Киву, соопштија ОН.
Војници на Националната гарда на Мексико се подготвуваат да се качат на авион на Меѓународниот аеродром во Мерида, Мексико за да отпатуваат на север во зајакнување на границата на земјата со САД.
Дамата Ана Винтур, главен уредник на Вог, позира за фотографирање откако беше прогласена за почесен придружник на церемонија на во Бакингемската палата, централен Лондон.
Замрзнати дрвја и магливо време фотографирани во регионот Таунус во близина на Франкфурт, Германија.