Светот низ фотографии
Војниците напредуваат до главната зграда на Националното собрание откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи воена состојба во Сеул, Јужна Кореја.
Палестински работник одмара на куп брашно во центарот за дистрибуција на помош во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, среде тековната војна меѓу Израел и палестинското движење Хамас.
Војниците се редат за пристигнувањето на емирот на државата Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и шеикот Џавахер бинт Хамад бин Сухаим Ал Тани во Лондон.
Претседателот Џо Бајден се ракува со претседателот на Ангола Жоао Лоренко во претседателската палата во главниот град Луанда, Ангола, за време на неговото прво патување во Африка како претседател.
Полицијата употреби солзавец кон демонстрантите за време на петтата по ред демонстрации против владиното одложување на преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година, во центарот на Тбилиси, Грузија.
Жителите се возат на само-модифициран мотоцикл низ пат покриен со поплави во Тумпат, на периферијата на Кота Бахру, Малезија.
Израелски војник држи пушка во близина на болница во Тубас, на Западниот Брег, окупиран од Израел.
Виетнамската тајкунка Мај Лан, десно, гледа во судот во градот Хо Ши Мин. Лан беше осудена на смрт за измама од повеќе милијарди долари, а апелациониот суд ја потврди таа казна.
Сириските бунтовници се возат на мотоцикли низ напуштени возила на сириската армија на пат во предградието на Хама, Сирија.
Жена лежи на уметнички перничиња во рзлични бои изложени во луксузен трговски центар во Пекинг.
Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн ја прегледува почесната гарда, за време на церемонијата на обединување на боите по повод неговиот 72-ри роденден во Бангкок, Тајланд.