Светот низ фотографии

Супер месечина над луѓето кои се во близина на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија.

Јапонски свештеници се поклонуваат додека присуствуваат на ритуал за време на есенскиот фестивал во храмот Јасукуни во Токио.

Луѓе поминуваат покрај уништените згради во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Пораки и фотографии во знак на почит пред хотелот каде Лиам Пејн, поранешен член на бендот „One Direction“, беше пронајден мртов откако падна од балконот на хотелската соба од третиот кат, во Буенос Аирес, Аргентина.

Автомобилит под вода во Гивор, централно-источна Франција, по обилните врнежи во областа.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, втор од десно, разговара со премиерката на Италија Џорџија Мелони, во средина, со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, долу лево, додека пристигнуваат на групна фотографија за време на самитот на ЕУ во Брисел, Белгија.

Членот на К-поп групата БТС, Џеј Хоуп, центар, поздравува додека колегата Џин држи микрофони откако бил отпуштен од задолжителна воена служба надвор од воената база во Вонџу, Јужна Кореја.

Човек кој бил пронајден како пуши марихуана е претепан надвор од неговата куќа од еквадорски војник, на периферијата на Гвајакил, во Дуран, Еквадор, 16 октомври 2024 година.

Танчерите од Националниот балет на Украина Наталија Мацак, Серги Кривокон и Володимир Кутузов ја изведуваат „Молитва за паднатите“ во центарот на Њујорк, 16 октомври 2024 година.

Туристите посетуваат скулптура во пустината Гоби во Гуажоу, за време на организирана медиумска турнеја во провинцијата Гансу, Кина.

17 октомври, 2024 година.