Светот низ фотографии
Инеос Британиа победи на трката на четвртиот ден на Куп на Америка, во Барселона, Шпанија.
Волонтери на романскиот Црвен крст вршат реанимација на кукли во Букурешт.
Маж извлече мртво тело на палестинска девојка од урнатините на куќата погодена за време на израелски напад во Газа.
Крстот на врвот на црквата Пресвета Богородица Хадат се појавува пред предградието Дахије, во темница, по израелските воздушни напади, Либан.
На ТВ канал се емитуваат вести на кои известуваат дека Северна Кореја разнесе делови од северната страна на меѓукорејските патишта за време на информативна програма на железничката станица во Сеул, Јужна Кореја, 15 октомври 2024 година.
Сонцето изгрева зад Големата џамија на Босфор, а Босфорот е покриен со магла во Истанбул, Турција.
Амансио Каиседо, домороден туристички водич, зборува за значењето на пештерските слики на карпите на Серо Пинтурас, голема област заштитена поради нејзиното археолошко значење, во Сан Хозе де Гуавиаре, Колумбија.
Земјоделец седи на креветче поставено на вреќи со ориз додека ги чека клиентите на пазарот за жито во Карнал во северната држава Харајана, Индија.
Дрјвата на есен покрај покрај реката Андроскогин во Берлин, Њу Хемпшир.
Уметник работи на резба од тиква на филмскиот лик Слимер во работилницата на креативната група „Sand In Your Eye“ во Хебден, Велика Британија.
Посетителите гледаат во изложба што го прикажува логото на Ролинг Стоунс на изложбата на тиква во близина на Мехерних, Германија.