Светот низ фотографии
Маж гестикулира за време на демонстрации поради полициските убиства на луѓе кои протестираат против наметнувањето на даноците од страна на владата, во Најроби, Кенија.
Демонстрантите туркаат барикада за време на антивладините демонстрации по националните смртоносни протести поради зголемувањето на даноците и контроверзниот сега повлечен даночен закон, во центарот на Најроби, Кенија.
Поглед од птичја перспектува кон поплавени згради по обилните врнежи во округот Пингјанг во Јујанг, провинцијата Хунан, Кина.
Раселените Палестинци ја напуштаат областа во источен Кан Јунис, откако израелската армија издаде нова наредба за евакуација на делови од градот и Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, 1 јули 2024 година.
Рибарите повлекуваат оштетен брод по ураганот Берил на пристаништето во Бриџтаун, Барбадос, 1 јули 2024 година.
Велосипедист прави пауза за да се напие вода во Сан Антонио, 1 јули 2024 година. Јужниот дел на сојузната држава Тексас го започна месец јули со троцифрени температури по фаренхајтови степени.