Светот низ фотографии

Девојка стои покрај оштетениот автомобил затрупан во кал во област која е силно погодена од поројни дождови и поплави во селото Камучири, во близина на Маи Махиу, Кенија. Најмалку 45 лица загинаа кога брана се проби во близина на град во долината Рифт, соопшти полицијата, додека земјата ја зафатија поројните дождови и поплавите.

Гори зградата на Академијата за право во Одеса по руски ракетен напад во Одеса, Украина.

Верверица пие вода од земјен сад при високи температури во Ајмер, Индија.

Дете разиграно се нурнува во езеро за да се одмори од жештините во едно летно попладне во Дака, Бангладеш.

Децата седат во кофи и се разладуваат за време на топол ден во Манила, Филипини.

Студентите држат големо палестинско знаме додека се собираат пред Универзитетот Сорбона во Париз, Франција, како поддршка на Палестинците во Газа.

Жена моли за пари на влезот на катедралата Пресвета Богородица Успение за време на неделната миса во Кап-Хаитиен, Хаити, 28 април 2024 година.

Членовите на древната самарјанска заедница се молат за време на пасхалниот аџилак на најсветото место на религијата на врвот на планината Геризим, во близина на градот Наблус на Западниот брег.

Жена закачува риба за да се исуши на топол ден во Мумбаи, Индија.

Готвачите подготвуваат супа со повеќе од 700 килограми тилапија за време на регионалниот фестивал Тилапија во Армазем, Бразил, 28 април 2024 година.

30 април, 2024 година.