Светот низ фотографии

Едно лице го гледа цветот на црешата пред настанот „Sounds of Blossom“ во „Kew Gardens“ во Лондон.

Реакциите на астронаутката на НАСА Трејси Дајсон и учесничката во вселенски летови Марина Василевскаја од Белорусија  за време на проверката на нивниот вселенски костим непосредно пред лансирањето до Меѓународната вселенска станица во космодромот Бајконур, Казахстан.

Бегалците Рохинџа стојат на нивниот превртен брод пред да бидат спасени во водите кај Западен Ачех, Индонезија.

Пожарникарите работат на гасење пожар по руските напади во Киев, Украина.

Палестинката Шаима Кармут, која страда од изгореници предизвикани од израелски напад, добива третман обезбеден од органиазацијата Лекари без граници, во болница во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, 20 март 2024 година.

Рибарски чамци пловат околу рибарското пристаниште Шенџијамен за време на зајдисонце во Жоушан, во источната кинеска провинција Жеџијанг, 20 март 2024 година.

Ко Муанг Фет, бел бивол кој беше продаден за 18 милиони бати, е виден пред зградата на Владата во Бангкок по состанокот помеѓу премиерот Сретта Тависин и членовите на Здружението за развој на тајландски биволи, 20 март 2024 година.

Лавата од вулканска ерупција тече во близина на градот Гриндавик, Исланд, 20 март 2024 година.

Кејти Грзелак се натпреварува за време на женска скијачка трка, на 20 март 2024 година, за време на американскиот алпски шампионат во ски-центарот „Sun Valley“ во Кечум, Ајдахо.

Одгледувачите во зоолошката градина ја мерат температурата на слон за време на секојдневната медицинска проверка во зоолошката градина во Келн, Германија.

Жена е во интеракција со визуелната уметност за време на медиумската презентација на новиот Museo de la Luz (Музеј на светлината), пред неговото инаугурирање во Мадрид, Шпанија, 20 март 2024 година.

Фотографија направена од дрон ги прикажува чамците на плажата Кардо во заливот Сепетиба, во Рио де Жанеиро, Бразил, 20 март 2024 година.

22 март, 2024 година.