Светот низ фотографии
Активисти и членови на партијата Бхаратија Џаната држат празни садови за вода додека извикуваат слогани за време на протестот против државната влада поради тековната тешка криза со вода, во Бенгалуру, Индија.
Палестинското семејство Ал-Наџи се подготвува да го прекине постот за време на првиот ден од светиот муслимански пост Рамазан, седејќи среде урнатините на нивната семејна куќа во Деир ел-Балах, централен Појас Газа, 11 март 2024 година.
Млад човек седи на оштетено возило пред уништена зграда како последица на израелскиот воздушен напад во текот на ноќта врз градот Баалбек во источен централен Либан.
Член на банда стои зад барикада откако поранешниот полицаец Џими „Барбекју“ Шеризиер и водач на сојуз на вооружени групи им се обрати на медиумите во Порт-о-Пренс, Хаити, 11 март 2024 година.
Мон Сен Мишел на море, во францускиот западен регион Нормандија.
Роднина тагува по Нодар Насиров (28), доброволец на грузиската легија, кој беше убиен во битка против руските трупи, за време на погребната церемонија во Киев, Украина.
Тимовите за поддршка работат околу вселенското летало „SpaceX Dragon Endurance“ набргу откако се спушти со астронаутот на НАСА Јасмин Могбели, астронаутот на ЕСА Андреас Могенсен, астронаутот на JAXA Сатоши Фурукава и космонаутот на Роскосмос Константин Борисов, во Мексиканскиот залив во близина на брегот на Пенсакол, Флорида.
Балинците учествуваат во традицијата за капење со кал, позната како Мебуг-буган, која се одржува еден ден по Њепи - балискиот „Ден на тишината“ на туристичкиот остров Бали во Индонезија.
Работниците составуваат модел на „Porsche Macan“ на линијата за производство и контрола на квалитетот на фабриката на „Porsche“ во Лајпциг, источна Германија, 11 март 2024 година.
Морска игуана е видена во заливот Тортуга на островот Санта Круз, дел од архипелагот Галапагос во Еквадор.