Светот низ фотографии
Демонстрант со лажна крв на телото крева поздрав со три прста на демонстрациите за одбележување на третата годишнина од воениот удар во Мјанмар во 2021 година, пред канцеларијата на Обединетите нации во Бангкок, Тајланд.
Полицијата користи воден топ за да ги растера луѓето за време на протестот на земјоделците пред Европскиот парламент додека европските лидери се состануваат на самитот на ЕУ во Брисел, Белгија.
Општинските работници чистат слама за време на протестот на земјоделците, во Париз, Франција.
Студенти се судрија со полицајците пред грчкиот парламент за време на демонстрациите против плановите на владата за приватни универзитети во Атина.
Оваа фотографија објавена од Кралската комисија за „AlUla“ покажува ефемерна уметничка инсталација на американскиот уметник Дејвид Попа, во форма на две заштитни раце, изградена околу гробницата на Лихјан, син на Куза, во Хегра, северозападна Саудиска Арабија.
Демонстрант ги турка штитовите на полицијата за време на протестот пред Конгресот, каде што пратениците расправаат за нацрт-законот промовиран од аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, во Буенос Аирес, 31 јануари 2024 година.
Свештеникот Роб Келси ја одржува годишната служба за благослов на лососот во Педвел Лендингс во Норам, В. Британија.
Домородните луѓе на Пурепеча носат темјан додека шетаат за време на 3-дневната церемонијална поворка од Кокучо до домородните села Окумичо во државата Мичоакан, Мексико, 31 јануари 2024 година.
Членовите на персоналот од „Kew Gardens“ ги приспособуваат изложбите на орхидеи пред отворањето за јавноста на фестивалот Орхидеи во „Kew Gardens“ во Лондон.