Светот низ фотографии

Патниците патуваат по улица среде густ смог во Лахоре, Пакистан.

Ковчегот обложен со знаме на пензионираната судијка на Врховниот суд Сандра Деј О'Конор пристигнува во Врховниот суд во Вашингтон. О'Конор е од Аризона и е првата жена што служеше на највисокиот суд на нацијата. Таа почина на 1 декември на 93-годишна возраст.

Пешаци среде ветер и дожд додека поминуваат улица во Бостон, Масачусетс.

Пожарникари гасат пожар по експлозија на нафтен терминал во Конакри, Гвинеја. Бројот на жртвите од експлозијата се искачи на 13, изјавил висок полициски извор.

Трактори се наредени на булевар кој води кон Бранденбуршката порта во Берлин, додека германските земјоделци демонстрираат против планираното укинување на субвенциите за земјоделскиот дизел.

Роднините на затворениците се судрија со полицијата за време на безбедносна операција откако избувнаа немири во казнено-поправниот дом Такумбу, во Асунсион, Парагвај.

Едуардо Родригез (34), шпански полицаец, познат како Еду Балбоа, облечен како Спајдермен, им мавта на девојче и тетка додека тој ги посетува децата болни од рак низ прозорците во болницата Матерно Инфантил во Малага, Шпанија.

Орел лета покрај индискиот амблем поставен на врвот на зградата на Државниот секретаријат во Телангана наспроти заоѓањето на сонцето, во Хајдерабад.

Бугарската муслиманска невеста Ајсел Герова (24) се шминка на лицето за време на нејзината свадбена церемонија во селото Рибново, на планините Родопи, 17 декември 2023 година.

19 декември, 2023 година.