Светот низ фотографии

Луѓето реагираат додека ја гледаат седницата на парламентот за гласањето доверба на полскиот премиер во заминување Матеуш Моравјецки, во кино во Варшава.

Новоизградената нуклеарна подморница Краснојарск е видена по церемонијата на подигнување на знамето во бродоградилиштето Севмаш во Северодвинск во руската област Архангелск.

Локален жител стои покрај кратерот на местото на руски ракетен напад во Киев, Украина.

Поглед над бунарите на сол во Палмарин, регионот на делтата Сине Салуум кој е класифициран како светско наследство на УНЕСКО, Сенегал.

Израелските војници заземаат позиции во близина на границата со Појасот Газа во јужен Израел.

Жена шета на плажата Сант Себастија додека невладината организација „Отворени раце“ симулира сцена од бродолом за да ги одбележи животите што беа изгубени откако луѓето се удавија во Средоземното море во 2023 година, во Барселона, Шпанија.

Оштетени допоби откако торнадо го погоди Медисон, Тенеси, 10 декември 2023 година.

Алиша Кис настапува на пијаното на Елтон Џон за време на изненадувачкиот настап на станицата Кингс Крос во Лондон.

Жена и новороденче уживаат во водопадот Експо во Зелената зона за време на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Мотоциклист Хелтон Гарсија облечен како Дедо Мраз го вози својот мотор за да им дели подароци на децата во селското училиште во Санто Антонио до Дескоберто, сојузната држава Гојас, Бразил, 10 декември 2023 година.

12 декември, 2023 година.