Светот низ фотографии
Иса Касисие, облечен како Дедо Мраз, седи на камилата додека ја посетува маслиновата насада со поглед на куполата на карпата на комплексот Ал-Акса, позната кај Евреите и како планината на храмот, во Ерусалим.
Конвој израелски тенкови маневрира во близина на границата на Израел со Газа, во услови на тековен конфликт меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, во Израел.
Спасувачите носат жртва по ерупцијата на планината Марапи во Агам, Западна Суматра, Индонезија.
Владината болница Тамбарам е поплавена по обилните дождови долж брегот на Бенгалскиот залив во Ченаи, Индија.
Луѓе облечени во традиционална облека настапуваат за време на годишната прослава на племињата Бером, во Лагос Нигерија, 3 декември 2023 година.
Еден човек сурфа на брановите на реката Ајсбах, еден ден откако обилните снежни врнежи ја погодија Баварија и нејзиниот главен град Минхен, Германија, 3 декември 2023 година.
Потпретседателот на Бока Јуниорс, Роман Рикелме им мавта на навивачите во близина на стадионот Ла Бомбонера, барајќи избори за назначување на новото раководство на клубот, во Буенос Аирес, Аргентина, 3 декември 2023 година.
Еден веселник, облечен во костим што ја симболизира смртта, шета низ селото Лидецко за време на традиционалната парада на Свети Никола во близина на градот Всетин, Чешка.