Светот низ фотографии

Човек ги истражува остатоците по обилните дождови од тропската бура Хилари, во Ранчо Мираж, Калифорнија.

Локалниот жител Лина Шанга седи пред изборните плакати, пред претседателските избори, во населбата Мбаре, во Хараре, Зимбабве.

Кандидатот за премиер на Феу Тај, Паетонгтарн Шинаватра, присуствува на роденденската прослава одржана од поддржувачи на црвените кошули, еден ден пред нејзиниот татко, поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој се враќа дома од самопрогонство, во седиштето на партијата во Бангкок, Тајланд.

Луѓето користат парче облека за да се скријат од сонцето за време на топлотниот бран во Милано, Италија.

Хеликоптер испушта вода над шумски пожар во близина на Продромос, 100 километри североисточно од Атина.

Откажан летот на Ер Корјо од севернокорејскиот главен град Пјонгјанг. Тоа е видено на информативната табла на меѓународниот аеродром во Пекинг. Националната авиокомпанија на Северна Кореја на 21 август требаше да го направи својот прв комерцијален лет по повеќе од три години, но во последен момент летот беше одложен.

Жените се собираат во клиника за да ги вакцинираат своите деца во Ниамеј, Нигер.

Младенци на ја посетуваат изложбата на уништените руски воени возила лоцирани на главната улица Хрешчатик како дел од претстојната прослава на Денот на независноста на Украина, среде руската инвазија, во центарот на Киев, Украина.

Војниците на јужноафриканските национални одбранбени сили прават почесна гарда додека претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва пристигнува на меѓународниот аеродром Тамбо во Екурхулени, пред Самитот БРИКС во 2023 година.

Велосипедист на рид на зајдисонце на 20 август 2023 година, во Сан Антонио, каде температурите и натаму се високи.

22 август, 2023 година