Светот низ фотографии
Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук (десно) реагира откако виде стара машина донесена од посетител за време на отворањето на првата водечка продавница на „Apple“ во Мумбаи, Индија.
Сателитска слика покажува уништен украински авион на меѓународниот аеродром Картум, Судан, 17 април 2023 година.
Американскиот новинар Еван Гершкович кафез за обвинети пред сослушувањето за разгледување на жалбата за неговото апсење во градскиот суд во Москва, Русија. Рускиот суд одби да го ослободи Гершкович од затвор додека го чека судењето за обвинувањата дека наводно ја шпионирал Русија додека известувал минатиот месец.
Пензионираните припадници на либанските безбедносни сили и други демонстранти се пресметуваат со либанската армија откако ја отстранија бариерата од бодликава жица пред владините згради за време на протестот во Бејрут.
Камиони натоварени со залихи заробени при одрон на патот блиску до границата Торкам, Пакистан.
Дете го чита Куранот за време на молитвите во Големата џамија Шеик Зајед во Абу Даби, Катар, на Лејлат ал-Кадр, една од најсветите ноќи за време на светиот муслимански пост Рамазан.
Зелена педалинка врзана за пристаништето во исушен дел од резервоарот Сау, околу 100 километри (62 милји) северно од Барселона, Шпанија. Властите во исушениот североисток на Шпанија во вторникот предупредија дека Барселона и во околината каде живеат околу 6 милиони луѓе може да се соочи со уште построги ограничувања за користење на водата во наредните месеци.
Луѓето шетаат покрај сликата на спомен-свеќи, проектирани на ѕидовите на Стариот град во Ерусалим во пресрет на годишниот Ден на сеќавање на Холокаустот, 17 април 2023 година.
Фотографија направена од дрон на која се гледаат двајца сурфери во вода во Хантингтон Бич, Калифорнија.
„MINI Concept Aceman“ претставен за време на настан на саемот Авто Шангај, во Шангај, Кина.