Светот низ фотографии

Куќа и автомобил се прекриени со прашина по ерупцијата на вулканот Шивелуч во регионот Камчатка, Русија.

Израелските војници чистат област за време на операција на армијата во близина на населбата Илон Море на окупираниот Западен Брег во близина на Наблус.

Горат куќи од шумски пожар во Гангнеунг, Јужна Кореја.

Авион на тајванското воздухопловство Мираж 2000-5 се подготвува да слета во воздухопловната база Хсинчу во Хсинчу, Тајван.

Членовите на заедницата присуствуваат на бдение во презвитеријанската црква Кресен Хил по масовното пукање во Старата национална банка во центарот на Луисвил, Кентаки, 10 април, 2023 година.

Жена поминува покрај летечките змејови за време на 29-тото издание на Меѓународниот фестивал на змејови и ветар во Шателајон-Плаж, југозападна Франција, 10 април 2023 година.

Асамски танчери во традиционална облека практикуваат танц Биху пред настан во Гувахати, Индија.

Два штркови седат во своето гнездо во Херцогенаурах, Германија.

12 април, 2023